(Видео) Откажан собирот на приврзаниците на Вучиќ во Ниш

(Видео) Откажан собирот на приврзаниците на Вучиќ во Ниш

пред 1 година

Собирот на Српската напредна партија (СНС) што требаше да се одржи вечерва во Ниш, на кој беше најавено доаѓањето на највисоките партиски функционери, е откажан, пренесе Н1 Србија.

Градоначалникот на Ниш од бината ги известил собраните луѓе дека собирот нема да се одржи, а во салата не се видени ниту претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот во заминување и претседател на СНС Милош Вучевиќ, ниту претседателот на Извршниот одбор на СНС Дарко Глишиќ.

Граѓаните на Ниш денеска се собраа на протест пред Офицерската сала, каде што требаше да се обратат и други високи партиски функционери од СНС. Демонстрантите носеа транспаренти, а со јајца фрлаа кон членовите на СНС.

Како што објави Н1, полицијата ги блокирала сите пристапни патишта до Офицерскиот дом, кој го обезбедувале големи полициски сили распоредени во повеќе безбедносни обрачи.

Насобраните граѓани во неколку наврати фрлаа со јајца кон функционери на СНС додека се движеа кон зградата. Фрлија јајца и кон градоначалникот на Ниш, а го полија и со вода.

Текстот (Видео) Откажан собирот на приврзаниците на Вучиќ во Ниш е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top