(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училишна зграда во Белгија

пред 3 години

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на градежни работи.

По уривањето на зградата, пожарникарите и полицијата излегоа на лице место со специјално обучени кучиња, кои трагаа по преживеаните и ги извлекоа од урнатините, пренесува АП.

Од деветте повредени, тројца се на интензивна нега, петмина се хоспитализирани, а едно лице по прегледот е пуштено дома, соопшти противпожарната единица.

Белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија Александар де Крој беа на местото на несреќата.

Медиумите објавија дека меѓу градежните рабтници кои работеле на зградата, биле и странски државјани од Португалија, Романија и Украина.

Share
Scroll to Top