(Видео) Пленковиќ: Апелирам помошта правилно да се дистрибуира

пред 3 години

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ даде изјава по завршувањето на состанокот на владиниот кабинет. Тој изрази жалење и сочувство до сите што изгубиле некој во земјотресот.

„ Обезбедивме помош од 120 милиони куни, од кои 100 милиони за округот Сисак и 10 за округот Загреб, но тоа не е сè. Договоривме и каква помош ќе побараме, утре доаѓа комесарот задолжен за вакви ситуации. Гледам дека има голем интерес за помош, им благодарам на сите, но јас би порачал помошта да се дистрибуира правилно, за да добијат помош оние на кои им е потребно “, рече Пленковиќ, додавајќи дека тоа треба да се направи преку Црвениот крст.

„ Ова се случи на крајот на годината, остануваме во трајно управување со кризи“, заклучи премиерот.

“Останаа само околу 50 од 250 пациенти во болницата во Сисак. Сите други претежно се во болниците во Загреб. Не можеа да останат во тие услови. Голем придонес дадоа и војниците од касарната во Петриња. Сите тие се подготвени да прифатат луѓе кои во моментов немаат покрив над главата“, рече премиерот.

Тој нагласи дека утре ќе бидат уплатени парите на сметките на окрузите.

Пленковиќ денес ги посети Петриња, Сисак, Покупско и Глина, а потоа се врати во Загреб, каде вечерва се одржа состанок на тесниот кабинет на владата.

Share
Scroll to Top