Неколку десетици лица се повредени и хоспитализирани по експлозија што се случила во петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата.
Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, во северниот дел на Џакарта, изјави шефот на полицијата Асеп Еди Сухер.
Video: Explosion at Jakarta High School Leaves Several Students Injured https://t.co/z8YyHWiiKY pic.twitter.com/ZmJGof9k9t
— Cedar News (@cedar_news) November 7, 2025
Во болница се примени 54 лица, пренесе Сухер, додавајќи дека повредите се со различна тежина — од полесни до потешки, вклучувајќи сериозни изгореници.
Телевизиските канали Компас ТВ и Метро ТВ прикажаа снимки на полициски сили и итна помош околу училишниот комплекс. На снимките од џамијата не се забележува значителна штета на објектот.
Текстот (Видео) Повеќе од 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Џакарта е превземен од МАКФАКС.






