Најмалку 38 затвореници загинаа, а десетици се повредени во пожар што избувна во затвор во Гитега, главниот град на Бурунди, изјави заменик-претседателот Проспер Базомбанза.
Локалните жители изјавија дека пожарот избувнал во мугри, а Базомбанза не можеше да шпекулира од што бил предизвикан огнот.
BREAKING: Burundi prison fire kills 38 inmates, injures dozens more – vice president pic.twitter.com/kWzffQHJAm
— Mohamed A Gulleid (@MohamedGulleid) December 7, 2021
Многу од загинатите биле затвореници во подоцнежните години, изјавил за „Ројтерс“ еден од локалните жители кои пристигнале на местото на незгодата додека пожарот сè уште бил активен.
Пожар во истиот затвор избувнал и во август, а властите тогаш утврдиле дека настанал поради дефект на електричните инсталации. Во претходниот пожар немало жртви.