(Видео) Пожар во ноќен клуб во Истанбул, најмалку 15 лица загинаа

(Видео) Пожар во ноќен клуб во Истанбул, најмалку 15 лица загинаа

пред 6 месеци

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а според официјалните информации уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко.

Инцидентот се случил околу 13 часот на улицата Илдиз Поста, округот Есентепе.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.

На местото на настанот се испратени голем број полицајци, пожарникари и медицински екипи. Според „Хуриет“, до бината во дискотеката дошло до експлозија.

Ноќниот клуб беше затворен за време на rамазан и се реновира во моментот на пожарот.

„Изразувам сочувство до сите. Работата за идентификација продолжува. Причината за пожарот не е позната. Станува збор за простор што се користи како дискотека под зградата. Се реновирал во моментот на пожарот. Наши полициски, здравствени и противпожарни екипи беа на самото место од првиот момент. Овој ноќен клуб има лиценца, која е добиена во 1987 година, а потоа обновена во 2018 година“, изјави гувернерот Давут Ѓул.

Луѓето останаа заробени во зградата бидејќи пожарот и густиот чад бргу се проширија во ноќниот клуб и станбената зграда.

Текстот (Видео) Пожар во ноќен клуб во Истанбул, најмалку 15 лица загинаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top