(Видео) Пожар во продавница за пиротехника во Русија предизвика огномет

пред 3 години

Голем пожар изби во продавница за пиротехника во трговски центар во градот Ростов, на југот од Русија.

Огнот се проширил на повеќе од 4 илјади квадратни метри од трговскиот центар, пренесе ТАСС.

Пожарот предизвика силна експлозија на петарди и огномет.

Во гаснењето на пожарот учествувале 90 пожарникари со 66 противпожарни апарати.

Владимир Устин од Министерството за вонредни ситуации, рече дека кус спој на жиците најверојатно го предизвикал пожарот, пренесува „Спутник“.

Share
Scroll to Top