(Видео) Пожар зафати десетици куќи, центарот на градот блокиран: страшна снимка од голем пожар во Холандија

(Видео) Пожар зафати десетици куќи, центарот на градот блокиран: страшна снимка од голем пожар во Холандија

пред 1 година

Голем пожар избувна денеска во центарот на холандскиот град Арнем, кој бргу се прошири на десетина згради, а сè уште не е под контрола, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

Пожарот најпрвин избувнал во една продавница, потоа се проширил и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пренесува „НЛ тајмс“.

Засега нема информации за повредени, но пожарникарите не можеа да ги пребараат сите запалени куќи поради интензитетот на пожарот.

Пожарот зафатил стари куќи од 18 и 19 век, со дуќани на приземје и станови над нив.

Изгореа десетина продавници и станбени блокови, изјави локалниот претставник Рене Бирман.

Полицијата и пожарникарите прават напори да ги евакуираат сите загрозени жители. За гаснење на пожарот ангажирани се речиси 150 пожарникари.

Портпаролот на полицијата рече дека пожарот, најверојатно, довел до испуштање азбест, а локалните жители биле предупредени да не ги отвораат вратите и прозорците.

Градската општина ги отвори своите капацитети за да ги прими евакуираните, а досега таму засолниште побарале педесетина луѓе.

Текстот (Видео) Пожар зафати десетици куќи, центарот на градот блокиран: страшна снимка од голем пожар во Холандија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top