(Видео) Пожар зафати зграда во Бангладеш, загинаа најмалку 43 лица

(Видео) Пожар зафати зграда во Бангладеш, загинаа најмалку 43 лица

пред 3 месеци

Најмалку 43 лица загинаа, а десетици се повредени во пожар што вчера уништи седумкатница во Дака, главниот град на Бангладеш, соопшти владата.

„Досега имаме 43 мртви“ во таа несреќа, изјави министерката за здравство Саманта Лал Сен за агенцијата Франс прес по посетата на болницата Медицински колеџ и уште една здравствена установа специјализирана за изгореници, каде што беа лекувани 40 лица.

Мохамад Шихаб, претставник на противпожарната служба, изјави дека пожарот избувнал во популарен ресторан и брзо се проширил на горните катови.

Пожарот е изгаснат во рок од два часа, додаде тој. Вкупно 75 лица се спасени, се наведува во соопштението на противпожарната служба.

Текстот (Видео) Пожар зафати зграда во Бангладеш, загинаа најмалку 43 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top