На автобуска станица во Сараево околу 13 часот денеска избувнал пожар, а според првите информации на сараевскиот портал „Кликс“ има и повредени.
На местото на настанот се испратени неколку противпожарни екипи.
Пожарот зафатил продавници во рамките на автобуската станица.
Густ чад брзо ја прекрил областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата.
На местото на настанот се испратени и екипи на брзата помош и полицијата.
Според неофицијални информации, пожарот настанал од експлозија на плинска боца.