(Видео) Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Париз

пред 2 години

Француската полиција употреби солзавец врз демонстрантите Париз кои се собраа против епидемиолошките мерки, вакцинацијата против Ковид-19, но и против порастот на цените на електричната енергија.

На улиците распоредени беа речиси 7.200 полицајци.

Полицијата претходно на „Твитер“ го покажа својот арсенал против блокада, објавувајќи фотографии од механизацијата, возила опремени со кранови или водени топови за спречување на демонстрантите.

Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени поради Ковид-19 синоќа пристигнаа во предградијата на Париз и поставија шатори.

Share
Scroll to Top