(Видео) Полскиот, чешкиот и словенечкиот премиер се сретнаа со Зеленски во Киев

пред 3 години

На социјалните мрежи е објавена снимка од средбата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со премиерите на Чешка, Полска и Словенија.

Како што претходно објавија чешките медиуми, тројцата премиери наводно утрово ја преминале границата со Украина, а потоа со воз пристигнале во главниот град на земјата.

Петар Фиала, Матеуш Моравјецки и Јанез Јанша имаат намера да презентираат широк пакет за поддршка за Украина по симболичното патување кое е со цел да се покаже европската солидарност со украинскиот народ.

Полскиот премиер Моравјецки вели дека средбата е порака оти Украина може да смета на помошта од своите пријатели.

Share
Scroll to Top