Арапските вести јавуваат дека момчето кое синоќа беше извлечено од бунарот починало.
Според написите, Кралската палата во соопштението пренесено од државните медиуми наведува дека момчето починало пред спасувачите да успеат да го спасат. Мароканскиот крал Мохамед Шести им изрази сочувство на родителите на момчето.
„По трагичната несреќа што го одзеде животот на детето Рајан Орам, кралот Мохамед Шести им телефонираше на родителите на момчето, Калед Орам и Васим Кершиш. Кралот потврди дека будно го следел развојот на оваа трагична несреќа, давајќи инструкции до сите надлежни органи, со намера да ги преземе неопходните мерки и да вложи максимални напори за да го спаси животот на момчето, но волјата на Семоќниот Бог сака да го исполни повикот на неговиот господар“, било напишано во соопштението од кралската палата.
#Rayan is rushed to the near by hospital. Prayers of every pounding heart and efforts of rescuers have made it possible. Hi is health condition is still unknown. We are hopeful, God is kind#SaveRayan pic.twitter.com/HTskZXZuoG
— ??Sharifullah Muhammad?? (@sharifullahpk) February 5, 2022
Спасувањето на малото момче кое траеше со денови го следеше цел свет. За жал по веста за извлекувањето на момчето од бунарот, која многумина ја прославија, пристигна уште една и беше многу потажна дека момчето не го преживеа заробеништвото во бунарот.
Целата драма започнала во вторникот вечерта кога малиот Рајан паднал во бунар од 32 метри лоциран пред неговата куќа во селото Игран во планинската северна провинција Шефшауен во Мароко.
Неговиот братучед во петокот рече дека семејството првпат сфатило дека тој исчезнал кога слушнале придушен плач и закачиле телефон со вклучено светло и камера за да го лоцираат.
Плачеше „земи ме“ – рекол братучедот, пренесе Ројтерс.
Момчето потоа било заробено во дупка премногу тесна за спасувачите безбедно да стигнат до него. И покрај тоа, надевајќи се дека ќе го спасат, со јаже му испратиле цевка со кислород и вода на момчето, како и камера за да го следат.