(Видео) Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

(Видео) Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

пред 6 часа

Научниците предупредија дека тајфунот „Џангми“ се приближува кон Јапонија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови. Откажани се повеќе од 300 летови, а можни се и предупредувања за итна евакуација.

Јапонската метеоролошка агенција објави дека тропската бура е лоцирана западно-северозападно од Амами од седум часот утрово, а силните ветрови веќе предизвикаа штета на делови од Окинава и повредија повеќе од десет лица.

Се очекува бурата да донесе до 350 милиметри дожд во регионот Кинки во следните 24 часа, додека, како што е наведено, тајфунот „Џангми“ би можел да донесе и обилни врнежи од дожд по должината на тихоокеанскиот брег на Јапонија за време на неговото понатамошно приближување, објавува NHK.

Научниците го привлекоа вниманието со можни предупредувања од ниво 4, нова категорија што значи „итно предупредување“ и подразбира потреба од итна евакуација од загрозените подрачја. Бурата „Џангми“ веќе предизвика сериозни прекини во воздушниот сообраќај во Јапонија, а може да влијае и на железничкиот сообраќај, вклучувајќи ги и брзите возови „Шинкансен“.

Денес, „Џапан ерлајнс“, „Ол Нипон“ и други откажаа најмалку 326 летови, претежно на линии до и од аеродромите Кагошима и Мијазаки, а доцнења беа најавени дури и во Токио.

Компаниите ги предупредија патниците редовно да ги следат официјалните известувања, наведувајќи дека се можни дополнителни доцнења и откажувања во зависност од движењето на тајфунот.

„Џангми“ е шестиот тајфун оваа сезона.

Текстот (Видео) Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top