(Видео) Протести во Брисел, уапсени над 300 демонстранти

пред 3 години

Белгиските демонстранти незадоволни од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, денеска протестираа во центарот на Брисел.

Локалните медиуми објавија дека полицијата уапсила околу 300 лица кои сакале да се приклучат на неодобрениот собир.

Полицијата во Брисел, ги повика луѓето неколку пати на Твитер да не се собираат, а подоцна ги растури демонстрациите, кои завршија без насилство, објави АП. Властите предупредија дека немирите во Холандија, кои избувнаа претходните денови, може да се прошират и на соседна Белгија.

Белгиските рестриктивни мерки вклучуваат полициски час од 21.00 часот и забрана за непотребни патувања низ земја која има трета стапка на смртност на 100.000 жители ширум светот.

Share
Scroll to Top