(Видео) Протести и апсења во Париз – полицијата употреби водени топови

пред 3 години

Полицијата во Париз приведе над 100 луѓе на денешните протести одржани поради предложениот закон за безбедност.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека до доцна попладне во Париз биле уапсени 119 демонстранти.

Полицијата уапсила демонстранти за кои постоело сомнение дека би можеле да се здружат во насилни групи, како оние кои на претходните протести уништуваа продавници и автомобили и напаѓаа полициски службеници.

Полицијата употреби и водени топови за да ги растера учесниците во протестот.

Освен во Париз, протестите имаше и во други градови. Во Лион уапсени се петмина демонстранти, за кои надлежните тврдат дека нападнале полицајци и се обиделе да ограбат продавница.

Демонстрантите се против предложениот закон за безбедност, кој поттикна избивање на протести, кои веќе неколку недели се одржуваат за време на викенд. Цел на нивна критика е и нацрт законот за борба против радикален ислам.

Share
Scroll to Top