(Видео) Протест и дојава за бомба пред судот во Софија

пред 3 години

Продолжуваат протестите со барање за оставка на јавниот обвинител во Бугарија, Иван Гешев. Камп со шатори беше поставен пред Судската палата во Софија.

Демонстрантите од утрото се наоѓаат пред главниот влез и велат дека нема да дозволат Иван Гешев да работи повеќе на оваа функција.

Фејсбук групата на граѓанското здружение БОЕЦ наведува дека во Бугарија нема обвинителство и се бара оставка од главниот обвинител, Иван Гешев, пренесе БНР.

Според БОЕЦ, блокадата што ќе ја прават од утре ќе биде поддржана од иницијативата Демократска Бугарија и Правда за сите.

Во судската зграда добиле дојава за бомба, а случајот го проверува полицијата. Влезот во зградата е затворен.

Share
Scroll to Top