(Видео) Пукна браната на реката Рур, ситуацијата во Германија критична, Меркел утре во посета на поплавените подрачја

пред 3 години

Германските медиуми јавуваат дека браната на реката Рур напукнала, но големината на штетата засега не е позната. Жителите се обидуваат да го спречат најлошото, поплава на нивните домови со вреќи од песок. Тоа е помала брана во близина на границата со Холандија, а Германците се плашат дека ќе напукне и поголемата брана, исто така на реката Рур, што би предизвикало катастрофа од незамисливи размери во овој дел од земјата, пренесуваат тамошните медиуми.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека е запрепастен од пустошот предизвикан од поплавите и апелираше за помош на семејствата на загинатите и градовите што претрпеа уништување


.

Во овој момент, нашата земја е обединета. Важно е да се покаже солидарност со оние кои беа погодени од поплавите“, рече претседателот на Германија.

Десетици илјади жители на покраината се евакуирани во текот на изминатите два дена, додека војниците, пожарникарите и волонтерите работеа цела ноќ од петок до сабота за да ги зајакнат насипите.

Во соседна Германија, голем број лица загинаа во поплавите по обилните дождови, додека најмалку 20 загинаа во Белгија.

Сепак, ситуацијата останува критична, велат локалните власти.

Водостојот на реките околу поголемите градови како Венло и Рермонд достигна рекордно ниво рано во саботата, ова претставува закана за насипите и другата заштита од поплави, велат надлежните власти.

Во меѓувреме стигна и најавата дека германската канцеларка Ангела Меркел во недела ќе ги посети областите уништени од поплавите на западот на земјата, каде загинаа повеќе од 130 лица, објавија локалните власти.

Меркел, враќајќи се од посетата на САД, оди во селото Шулд во Рајнската област каде поплавите уништија скоро сè.

Share
Scroll to Top