(Видео) Путин им се обрати на украинските војници: Земете ја власта во свои раце

пред 2 години

Владимир Путин штотуку им се обрати директно на украинските војници и ги повика да се свртат против нивната влада, јавува Би-Би-Си.

Рускиот претседател тврди дека Русија главно се бори против „националистите“ и ги повикува украинските вооружени сили да се предадат.

„Преземете ја власта во свои раце. Се чини дека ќе ни биде полесно да се договориме со вас отколку со оваа банда на наркомани и неонацисти“, рече тој.

„Десните и неонацистите во Украина инсталираат тешко оружје, ракетни системи во центрите на големите градови, Киев и Харков“, додаде тој.

Share
Scroll to Top