(Видео) Путин на Ким му подари луксузна руска лимузина

(Видео) Путин на Ким му подари луксузна руска лимузина

пред 7 месеци

Рускиот претседател Владимир Путин на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му подари руска лимузина „аурус“, сет за чај и адмиралска кама, јави руската државна новинска агенција „Тасс“ цитирајќи официјален претставник на Кремљ денеска.

За време на посетата на Пјонгјанг, Путин за возврат доби разни уметнички дела на кои е прикажан тој, вклучително и бисти, изјави советникот на претседателот, Јуриј Ушаков.

„Аурус сенат“, ретро стилизиран според лимузината ЗИЛ од советската ера, е официјален руски претседателски автомобил и Путин го возеше на инаугурацијата во Кремљ во мај.

Кога Ким ја посети источна Русија минатиот септември, Путин му покажа едно од црните оклопни возила. Ким седна до Путин во автомобилот и изгледаше како да ужива. Путин му го даде на Ким својот прв седан „аурус“ во февруари оваа година, рекоа тогаш двете земји, што значи дека тој сега има најмалку две возила.

Се верува дека Ким е страстен љубител на автомобили. Тој има голема колекција луксузни странски возила, кои, најверојатно, биле прошверцувани бидејќи резолуциите на Советот за безбедност на ОН забрануваат извоз на луксузни стоки во Северна Кореја.

Текстот (Видео) Путин на Ким му подари луксузна руска лимузина е превземен од МАКФАКС.