Денеска во Женева ќе се одржи историска средба меѓу рускиот претседател, Владимир Путин и американскиот претседател, Џо Бајден.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред почетокот на состанокот изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин, пристигнува во конструктивно расположение.
„Имаме куп заостанати прашања што треба да се решат, затоа претседателот Путин доаѓа во конструктивен дух на отвореност, со намера да покрене прашања и да се обиде да најде решенија“, рече Песков.
Според руските медиуми, авионот на рускиот лидер во Женева слетал во очекуваното време.
Russian President Vladimir Putin has arrived in Geneva, Switzerland, on time. https://t.co/rgrVgY1ju7 pic.twitter.com/y6YNT3YB6N pic.twitter.com/1POmEva5iA
— CNN International (@cnni) June 16, 2021
Путин и неговата придружба пристигнуваат на местото на самитот во вила Ла Гранж, по што ќе следи Бајден и неговиот тим. Швајцарскиот претседател, Гај Пармелин, ќе ги поздрави двајцата лидери.
Russian President Vladimir Putin is en route via motorcade to Villa La Grange for a summit with President Joe Biden pic.twitter.com/XC0jseVAi2
— Betsy Klein (@betsy_klein) June 16, 2021
Тројцата ќе поминат неколку минути заедно пред камерите, но се очекува само Пармелин да даде изјава за медиумите, посочил висок функционер на администрацијата.
АП наведува дека Бајден и Путин најпрво ќе одржат релативно интимна средба, на која ќе и се придружат американскиот државен секретар, Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Секоја страна ќе има преведувач.
Средбата, придружена со големи очекувања, ќе се одржи во попладневните часови и според најавите на двете страни, ќе трае најмалку пет часа.
Можно е да има и разговор еден на еден, но ќе има одделни конференции.
Безбедносните мерки во Женева се на исклучително високо ниво.
Оклопни возила и камиони се паркирани во близина на хотелот „Интернационал“, каде што престојува Џо Бајден, блокирајќи го пристапот за сите возила.