Катастрофално невреме попладнето го погоди Истанбул и други делови на Турција, при што загинаа четири лица. Повредени се 19 лица, пренесуваат тамошните медиуми.
Според написите, невремето предизвикало голема материјална штета во градот со 15 милиони жители.
#Fırtına #istanbul Çatalca Serbest Bölge’de kapı girişindeki saat kulesi lodosun etkisiyle devrildi pic.twitter.com/QtXpSElvqe
— Neden TT oldu? (@nedenttoldu) November 29, 2021
Според турските медиуми, една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, каде силните налети на ветерот откорнале дел од покривот кој паднал врз неа и врз нејзиното дете.
Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.
İstanbul pic.twitter.com/TOqttKcuYY
— Haber Report (@HaberReport) November 29, 2021
Босфорот, според последните информации, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.
Најмалку шест летови на авиони кои требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон градовите Анкара и Измир, изјави портпаролот на една авиокомпанија.
Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.