Најмалку пет лица загинаа, а едно се смета за исчезнато во големите поплави што го погодија северниот дел на Турција поради обилните дождови, објави денеска Одделот за вонредни состојби и несреќи.
Cars were swept away and people left stranded after floods struck Turkey’s northern coast.
Watch more videos from Sky News: https://t.co/QEq1I8g9aU pic.twitter.com/J77bq1v1Eg
— Sky News (@SkyNews) August 12, 2021
Поплави ги погодија крајбрежните провинции во близина на Црното Море – Бартин, Кастамону, Синоп и Самсун уништувајќи куќи и мостови и носејќи автомобили.
Државата испрати хеликоптери за да ги спаси луѓето што се искачија на покривите на нивните куќи, пренесе АП.
BREAKING: Dozens missing after floods destroyed multiple houses and swept away vehicles in Kastamonu and Bartin provinces of Turkey pic.twitter.com/J8GHv0IdMq
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 11, 2021
Водата почна да се повлекува во погодените региони на север, но спасувачките служби потврдија дека извадиле пет тела и дека бараат друго лице.
Сe уште не е јасно дали спасувачите очекуваат да најдат повеќе тела во поплавените куќи и возила, додава АП.
BREAKING – Massive flood strikes Turkey’s black sea region. Moment of the floodwater causing destruction captured https://t.co/Ippqn2OeDE pic.twitter.com/1SDVP6URTN
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 11, 2021
Најлошо беше Кастамону, каде 13 лица беа повредени кога се урна дел од мостот.
Во Синоп, хеликоптерите однесоа 19 лица на сигурно, а многу погодени области останаа без електрична енергија и патиштата се блокирани.