(Видео) Русите на ТВ мереа колку време им треба на проектилите до Лондон и Берлин: „Еден ‘Сарамат’ и веќе ништо не постои“

пред 2 години

На руската програма „Русија 1“, водителката на емисијата „60 минути“, Олга Скабејева и Алексеј Журављов, претставник на Думата, зборуваа за тоа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ може да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои ја снабдуваат Украина со оружје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета што во НАТО круговите го носи озлогласениот прекар „Сатана 2“ или „Синот на сатаната“.

„Еден ‘Сарамат’ и толку – британскиот остро постои, британскиот остров веќе не пости. Сериозен сум“, рече Журављов, а пренесува порталот „Правда“.

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата.

„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журављов.

„Ќе почнеме од почеток“, пркоментира Скабејева. Таа изјави дека времето на летот на „Сармат“ од Калининград до Берлин е 106 секунди, од Калининград до Париз 200 секунди, а до Лондон 202 секунди.

Во етерот беше прикажана графика со натпис „Време на лет на ракетите РС-28 Сармат до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.

„И на нив (западните земји) треба да им се покаже оваа слика. Бројте ја секоја секунда. За што ќе имате време?“, рече Журављов.

Share
Scroll to Top