(Видео) Русите објавија видео од борбена употреба на јуришни хеликоптери

пред 3 години

Руското Министерство за одбрана на Јутјуб објави видео од борбената употреба на јуришните хеликоптери Ка-52.

„ Летовите се одвиваа главно на мала височина и во тешки метеоролошки услови. Екипажите на руското воздухопловство, работејќи во парови, уништија против-авионски топ и оклопни возила на Украина.

Во рамките на специјалната воена операција, Военото воздухопловство врши зададена придружба на колони, уништување на оклопни возила, испорака на воен товар и воздушна поддршка на единиците кои извршуваат задачи во рамките на специјалната операција“, соопштија од руското министерство.

Share
Scroll to Top