Руското Министерство за одбрана го објави успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ на космодромот Плесецк.
„Задачите за лансирање се завршени. Дизајнерските карактеристики беа потврдени во сите фази од неговиот лет. Боевите глави за обука пристигнаа во одредена област на полигонот Кура на полуостровот Камчатка“, соопшти агенцијата РИА.
Рускиот претседател Владимир Путин го опиша лансирањето како успешно.
$bp(“Brid_50467780”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”428″,”video”:”996635″,”autoplay”:0,”shared”:true});
„Новиот проектил има највисоки тактичко-технички карактеристики и е способен да ги надмине сите модерни системи за противракетна одбрана. Слични во светот нема и нема да има уште долго време“, рече Путин.
Руското Министерство за одбрана појасни дека ова е прво лансирање во државната програма за тестирање и дека овозможило да се потврди исправноста на дизајнот и техничките карактеристики на ракетата.
Очекувано, по тестирањето, „Сармат“ ќе влезе во служба на стратешки ракетни сили, пренесува РИА.
„Сармат“ е стратешки ракетен систем со течно гориво, а тежината на една таква ракета надминува 200 тони.