(Видео) Руски авион по грешка бомбардирал руско село

(Видео) Руски авион по грешка бомбардирал руско село

пред 3 години

За време на летот на воен авион над регионот Воронеж во Русија дошло до итно ослободување муниција, при што немало жртви, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руски авион по грешка бомбардирал село во областа Воронеж.

„Итното ослободување муниција од авионот се случи на 2 јануари околу 9 часот по локално време додека авионот на руското воено воздухопловство летал над населбата Петропавловка во регионот Воронеж. Нема жртви“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека шест приватни згради биле оштетени по грешка. Поведена е истрага за инцидентот, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

Регионалниот гувернер Александар Гушев изјави дека жителите на неколку улици во Петропавловка се преместени во центар за привремено сместување. Надлежните ќе ја проценат штетата и ќе платат обесштетување, најави тој.

 

Текстот (Видео) Руски авион по грешка бомбардирал руско село е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top