(Видео) Руски блогер починал по 40 дена гладување, следбениците го гледале неговото умирање на Јутјуб

пред 4 години

Рускиот блогер Виталиј Виграновски (38) почина по 40 дена гладување, пишува рускиот портал „НТВ“.

Виграновски на својот Јутјуб канал објави дека ќе се обиде да издржи 40 дена без храна.

Експериментот го започна во март во Москва, а по десет дена се чувствуваше лошо и рече дека го нервира атмосферата на градот. Сè уште не е познато како пиел вода, а на својот инстаграм-профил тврди дека ја внесувал со потопување, пренесува „Новости“.

Тој заминал во Абхазија каде што продолжил да гладува.

По дваесет дена, како што рекол самиот, се чувствувал целосно исчистен. Во исто време, тој истакна дека изгубил многу килограми и дека веќе нема сила за каква било физичка активност. Со експериментот продолжил и по 35. ден, и покрај тоа што чувствувал дека умира.

„И како помина? Тоа е само игра што ја прифатив. Многу е интересно. Нема повеќе паразити, нема повеќе желба за храна. Телото е целосно обновено, секоја клетка“, рече Виграновски.

Подоцна, неговите познајници на социјалните мрежи напишаа дека блогерот починал на самиот крај на гладувањето, но точната причина за смртта сè уште не е позната.

Share
Scroll to Top