(Видео) Садик Кан бара малцинствата да добијат повластен пристап до вакцините против коронавирус

пред 3 години

Лондонскиот градоначалник Садик Кан побара црните луѓе и другите етнички малцинства да добијат приоритетен пристап до вакцината за Ковид-19, пренесува Би-би-си.

Левичарскиот градоначалник тврди дека таканаречените БAME (црни, азиски, малцински етнички) групи се диспропорционално погодени од вирусот и затоа треба да се стават на врвот на списокот кога ќе се дистрибуира вакцината.

„НХСи јавното здравство во Англија работат на критериумите за тоа кој прв ќе ја прими вакцината. Во суштина, тоа е направено според возраста. Но, јас побарав да бидат разгледани дополнителни работи и тоа ја вклучува загриженоста околу црните, азиските, етничките малцинства во Лондон, кои несразмерно страдаа од вирусот во март, април, мај и јуни.

„Мојата загриженост е дека во Лондон постои поголема колебливост кон примањето вакцини отколку во другите делови на земјата. Значи, една од работите што треба да ја направиме е да им влееме доверба дека вреди да се прими оваа вакцина, и исто така да се осигураме дека најранливите – најверојатно да се заразат од вирусот и, не дај Боже, да умрат – први ќе ја примат вакцината, “заклучи Кан.

Во август, Кан напиша кометар за левичарскиот „Гардијан“, во кој тој тврди дека структурниот расизам е причина за зголемената стапка на смртност од коронавирус кај етничките малцинства во Велика Британија.

„И покрај тоа што може да биде непријатно за некои да признаат, не можеме да ги игнорираме бариерите на дискриминација и структурниот расизам што постојат во нашето општество, што придонесува етничките малцинства да страдаат од сиромаштија, да имаат здравствени проблеми и да работат на несигурни, ниско платени работни места “, напиша Кан.

 

Идејата дека т.н. структурен расизам е определувачки фактор за стапката на смртност од Ковид-19 беше оспорена од владиниот советник и виш соработник за клинички истражувања на Универзитетот во Кембриџ, д-р Рагиб Али. Во октомври, д-р Али рече дека структурниот расизам не е разумно објаснување за различните резултати за различните етникуми.

„Ако структурниот расизам беше важен проблем, не велејќи дека не постои, но ако беше важен проблем во резултатите од здравството, би очекувале дека тој ќе се рефлектира не само кај Ковид-19, туку и кај други болести“, рече тој .

Во понеделникот, секретарот за здравство Мет Ханкок рече дека нема да исклучи вакцините да бидат задолжителни.

Неодамнешното истражување спроведено во Лондон преку Интернет помеѓу 19 октомври и 2 ноември покажа дека околу една третина не би примиле вакцина или веројатно нема да ја примат вакцината, при што скоро половина од испитаниците одговориле дека не му веруваат на НХС дека успешно ќе ја администрира вакцината кога таа ќе биде достапна.

Share
Scroll to Top