(Видео) Свечена церемонија за канцеларката во заминување Ангела Меркел

пред 2 години

Германските сојузни вооружени сили со највисока воена церемонија за цивили, се збогуваа со канцеларката Ангела Меркел.

Ова стана неофицијална церемонија за збогување со министрите за одбрана, претседателите и канцеларите, пренесува Дојче веле.

Меркел беше првата источногерманска канцеларка во земјата и првата канцеларка на повоена Германија која беше испратена во Берлин.

Таа е третата канцеларка на која и беше подготвено вакво збогување. Хелмут Кол, демохристијанскиот канцелар од 1982 до 1998 година, беше првиот, додека вториот беше социјалдемократскиот канцелар од 1998 до 2005 година, Герхард Шредер.

Церемонијата трае околу 20 минути и се одржува под светлината на факели. По изведувањето на националната химна војниците се разделуваат со звуците на тапаните, се збогуваат со канцеларката и на тој начин го означуваат крајот на уште едно поглавје од германската историја.

Share
Scroll to Top