(Видео) Свлечиште од земја затрупа 33 лица во Кина, спасувачите сè уште бараат 16 луѓе

(Видео) Свлечиште од земја затрупа 33 лица во Кина, спасувачите сè уште бараат 16 луѓе

пред 4 часа

Најмалку 16 лица останаа затрупани во свлечиште во планинска област во западната кинеска покраина Гансу во вторник. Спасувачите досега успеаја да извлечат 17 од 33 лица кои беа заробени. Кинескиот претседател Ши Џинпинг нареди максимални напори за спасување на жртвите од природната катастрофа, објави државната телевизија CCTV. Иако причината за свлечиштето сè уште не е позната, Кина беше погодена од серија смртоносни бури оваа недела, објави Ал Џезира.

Смртоносни бури во централна Кина
Најмалку осум лица загинаа, а едно лице сè уште се води како исчезнато во силните бури со грмотевици што го погодија источниот дел од централната покраина Хубеи во понеделник вечерта, објави новинската агенција Синхуа. Градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјаннинг беа погодени од силни ветрови со налети што достигнаа 149 км/ч доцна во понеделник. Најмалку 275 лица беа повредени, според бројките објавени во вторник наутро.

Предупредувања за повеќе врнежи од дожд и супертајфун
Метеоролозите во меѓувреме издадоа предупредувања за повеќе обилни дождови за различни делови од земјата, каде што живеат околу 200 милиони луѓе.

Националниот метеоролошки центар соопшти дека во следните 24 часа се очекуваат екстремно обилни врнежи од дожд, до 260 милиметри дожд, што би можело да предизвика повеќе лизгања на земјиштето. Предупредувања за можни торнада се издадени и за други области на североисток и југ од земјата.

Кина е исто така во состојба на готовност за супертајфунот Бави, кој се движи преку Тихиот Океан кон Тајван. Националната метеоролошка служба на САД објави дека тајфунот, кој во понеделникот помина над Гуам, Тиниан, Саипан и Рота, и дека носел ветрови со брзина до 290 км/ч.

Текстот (Видео) Свлечиште од земја затрупа 33 лица во Кина, спасувачите сè уште бараат 16 луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top