(Видео) Северозападна Венецуела погодена од четири земјотреси, од кои два силни

(Видео) Северозападна Венецуела погодена од четири земјотреси, од кои два силни

пред 13 часа

Четири земјотреси ја погодија северозападна Венецуела во рок од неколку часа доцна вчера и рано утрово, вклучувајќи два со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американската геолошка служба (USGS).

Потресите, со јачина помеѓу 4,9 и 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случија во близина на градот Мена Гранде во државата Зулија, според USGS.

Станува збор за плитки земјотреси на длабочина помеѓу 7,8 и 14 километри.

Досега нема извештаи за жртви или значителни штети. Државата Зулија е покраина богата со нафта во Венецуелскиот Залив, која се граничи со Колумбија.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Северозападна Венецуела погодена од четири земјотреси, од кои два силни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top