Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо, јавуваат локалните медиуми.
Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и започнал да пука.
Според извештаите во медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите.
Меѓу жртвите е и лицето за кое е организирана забавата, која се одржала пред камп приколка.
Меѓу собраните имаше и деца, но сите жртви беа возрасни, пишуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека пронашла шест мртви при пристигнувањето на местото на злосторството, додека седмиот им подлегнал на повредите во болницата.
Истрагата за мотивите на нападот е во тек.