(Видео) Се запали голем пазар во Бангкок, изгореа кучиња, мачки, змии…

(Видео) Се запали голем пазар во Бангкок, изгореа кучиња, мачки, змии…

пред 3 месеци

За време на пожарот на познатиот отворен пазар Чатучак во Бангкок утринава, загинаа околу 1.000 животни. Птици, кучиња, мачки и змии биле запалени во кафези на пазарот каде што се продавале домашни миленици.

$bp(“Brid_18109844”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1675601″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Пожарот бил предизвикан од електричен краток спој, соопштија властите, додавајќи дека нема извештаи за човечки жртви или повредени. Поради инцидентот, здруженијата за заштита на животните повторно ги повикаа надлежните поради условите во кои се чуваат животните на пазарот.

Чатучак е еден од најголемите пазари во Југоисточна Азија, со десетици илјади тезги и мали продавници наредени во тесни улички. За време на викендите го посетуваат речиси 200.000 туристи.

Пазарот за домашни миленици е отворен цела недела. „Кога дојдов овде, сè беше исчезнато, сè беше изгорено“, вели Ампорн Ванасут, сопственик на продавница кој продавал желки, питони, кралски змии и други влекачи.

Пожарот оштети поголем дел од 118-те продавници во зоната за миленици, која се наоѓа на околу 1.400 метри квадратни. Според окружната канцеларија на Чатучак, пожарот избувнал околу 4:10 часот по локално време, а бил изгаснат 30 минути подоцна, пишува Би-би-си.

Здружението за заштита на животните ПЕТА ги критикуваше условите во кои се чуваат животните. „Животните не се таму за наша забава“, предупреди ПЕТА.

Фондацијата „Пријатели на дивиот свет“ на Тајланд рече дека пазарот Чатучак е срам за Бангкок.

Текстот (Видео) Се запали голем пазар во Бангкок, изгореа кучиња, мачки, змии… е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top