(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

пред 3 часа

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви, пренесе агенцијата АП.

По несреќата на авионот, во кој имало 25 патници и седум членови на екипажот, веднаш била започната операција за пребарување и спасување, соопштија властите.

Нигерискиот министер за авијација Фестус Кејамо изјави дека авионот бил на рутински лет кон Лагос, економскиот центар на Нигерија, кога се урнал во областа Игбокода во сојузната држава Ондо.

Нигериското воено воздухопловство соопшти дека станува збор за авион од типот АТР-42 и дека веднаш била започната операција за пребарување и спасување.

Кејамо наведе дека авионот најпрво исчезнал од радар околу 9 часот наутро по локално време, а потоа било утврдено дека се урнал приближно на половина пат меѓу сојузната држава Едо и Лагос.

Текстот (Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top