Воениот транспортен авион „Иљушин Ил-76“ утрово се урна во централниот руски град Рјазан, при што загинаа четири лица, а петмина се повредени, пренесуваат руските агенции.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Авионот, како што е наведено во извешатите на новинските агенции се урнал откако еден од неговите мотори одеднаш се запалил.
Според првите информации, четворица починале, а пет лица се хоспитализирани, изјавил за руската агенција извор од Министерството за вонредни ситуации.
„Во 03:18 часот по московско време на 24 јуни 2022 година, Министерството за вонредни ситуации, одделот во регионот Рјазан беше информирано за авионската несреќа во градот Рјазан, а на теренот не е забележана штета“, изјавил овој извор, пренесува ТАСС.
Според информациите на Министерството за одбрана, несреќата се случила кога авионот извршувал тренажен лет.