(Видео) Сирени во Бахреин

(Видео) Сирени во Бахреин

пред 15 часа

Сирени се огласија во Бахреин во раните утрински часови во среда. Министерството за внатрешни работи на земјата ги повика граѓаните да „останат смирени“ и да побараат засолниште на најблиското безбедно место, објави CNN.

Непосредно пред соопштението на бахреинското министерство, иранската Револуционерна гарда објави дека три ракети погодиле „непријателски бази“ во Кувајт. Кувајтската војска во исто време соопшти дека пресретнува „непријателски“ ракетни и беспилотни летала напади.

Иранската државна телевизија подоцна објави дека иранските сили гаѓале две воздухопловни бази во Кувајт што ги користат американските сили.

Текстот (Видео) Сирени во Бахреин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top