Малиот принц Џорџ синоќа беше во центарот на вниманието на својата нација, но и пошироко, откако светот виде како неговата радост по голот на Англија се претвори во очај кога Италија конечно го освои финалето на Евро 2020 на Вембли.
Седумгодишниот Џорџ беше со неговите родители, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, во ВИП ложата, каде што среќно навиваше за Англија, која на почетокот поведе со 1:0, но на крајот загуби на пенали, кои Кејт, како „Дејли Мејл “пишува, не можеше да ги гледа. Па во еден момент го закопа лицето во дланките.
Принцот Вилијам смирено ги ставаше рацете на рамениците на неговиот син како поддршка за тоа како играта завршуваше на драматичен крај.
Кралското семејство ја започна вечерта во добро расположение, а на малиот Џорџ му беше дозволено да остане подолго буден поради посебна пригода. Џорџ, кој со родителите го гледаше и натпреварот на Англија против Германија, носеше костум исто како и неговиот татко.
„Мирор“ пишува дека принцот Џорџ повторно го носел костумот на натпреварот и дека Вилијам и Кејт биле поделени околу тоа дали да го носат неговиот дрес на Англија. Ѕвездата на Вимблдон, Марион Бартоли изјави дека Вилијам е за дресот, но не и Кејт, која тој ден со нејзиниот татко го гледаше и натпреварот на Новак Ѓоковиќ во финалето во сингл машката конкуренција.
По химната, Џорџ навиваше воодушевено мавтајќи со рацете. Кога Англија даде гол малиот принц ја прегрна мајка си од возбуда, но на крајот вечерта заврши во разочарување за Британците.
Кралското семејство беше меѓу 60.000 навивачи на стадионот, а на натпреварот присуствуваа и премиерот Борис Џонсон и неговата сопруга Кери. Во ВИП ложата беа и Дејвид Бекам, Кејт Мос и Том Круз.
Натпреварот заврши 1: 1 и беа досудени пенали. Англија промаши три по ред, а Италија беше крунисана за европски шампион.