(Видео) Снежно невреме во САД, верижни судири на автомобили, има загинати

пред 3 години

Североистокот на САД беше погоден од силна снежна бура, а беа издадени предупредувања за 14 држави. На удар се повеќе од 60 милиони луѓе, пренесува „Би-би-си“.

Над половина метар снег се очекува во делови на Пенсилванија и Њујорк.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде опасно, ако не и невозможно, да се патува во најтешко погодените делови, а можен е и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Во некои области, снег ќе паѓа колку што паднал во текот на ланската зима.

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пенсилванија во која учествуваа меѓу 30 и 60 автомобили. Во Њујорк дошло до судир на 27 возила при што биле повредени шест лица.

Метеоролозите бурата ја нарекоа бура на деценијата.

Share
Scroll to Top