(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земја

пред 3 години

Снимен е моментот на силниот земјотрес во Петриња, кога луѓето буквално не можат да се задржат на земја. Додека надлежните даваа изјава за медиумите и имаше пренос во живо, земјата почна силно да се тресе. Луѓето буквално се „клатеа“ и се обидуваа да не паднат.

Како што соопшти вечерва Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), во Хрватска се почувствувале 20 земјотреси во последните 37 часа. Треба да се нагласи дека станува збор за земјотреси што се почувствуваа, бидејќи всушност имаше повеќе земјотреси во Хрватска, но не сите беа почувствувани.

Хрватска беше погодена од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Досега се загинати 7 луѓе, а десетици се повредени. Во Сисак, Петриња и голем број околни места, беше предизвикана огромна штета.

Сеизмологот Сњежан Преволник денес изјави дека не поминуваат неколку секунди без земјотрес.

„ Претстои период на исклучително активна сеизмичка активност, која, се плашам, ќе трае многу долго, дури и повеќе од една година“, рече тој.

Вечерва во 18:29 часот во централниот дел на Хрватска е почувствуван нов земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 18 километри западно од Сисак и 42 километри југоисточно од Загреб, пренесува ЕМСЦ. Се почувствувал и во Сисак, Загреб, Петриња, Мала Горица…

Околу 18:58 часот на истиот простор бил почувствуван уште еден умерено силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Тоа беше 20-тиот земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 37 часа, објави ЕМСЦ.

Share
Scroll to Top