(Видео) Снимка од воздух од погребот на Навални

(Видео) Снимка од воздух од погребот на Навални

пред 1 година

Снимката направена од воздух, која ја објави агенцијата „Некста“, покажува колку луѓе денеска дојдоа во предградието на Москва за да му кажат последно збогум на неодамна починатиот Алексеј Навални.

Долга колона во која има илјадници луѓе, како што проценуваат новинарите на „Новаја газета“, се движи од правец на црквата „Богородица“ во областа Марино на периферијата на Москва кон гробиштата „Борисовски“. Претходно, во црквата се одржа богослужба, на која присуствуваа родителите на Навални, Људмила и Анатолиј, како и околу 300 луѓе, кои можеа да влезат во црквата.

Сите што останаа пред црквата запалија свеќи, носеа свеќи и го скандираа името на починатиот опозиционер, но и пароли, како: „Путин е убиец“, „Русија без Путин“ и „Русија ќе биде слободна“.

Во текот на вчерашниот ден, како и цело утро, во делот на Москва, каде што се одржува погребот, забележливо беше големо присуство на полицијата. Претходно, беа објавени видеа на кои се гледа дека единиците опремени да ги разбијат демонстрациите ги опколија гробиштата, а независните медиуми во Русија исто така пишуваа дека на покривите се распоредени снајперисти.

Алексеј Навални почина кога, како што соопштија затворските власти, се онесвестил по утринската прошетка во затворската колонија по што неуспешно бил реанимиран. Навални издржување затворска казна, меѓу другото, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање екстремистичка организација и за нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ и на рускиот претседател Владимир Путин.

Текстот (Видео) Снимка од воздух од погребот на Навални е превземен од МАКФАКС.

Share