(Видео) Снимки од дрон од Петриња по разорниот земјотрес

пред 3 години

Хрватското министерство за внатрешни работи објави видео снимено со дрон од Петриња, кој беш најпогоден од земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој пред два дена ја погоди Хрватска.

Во земјотресот загинаа најмалку седум лица, а многумина беа повредени.

Денеска почна уривањето на оштетените згради во Петриња. Најмалку 50 згради мора да се урнат, бидејќи претставуваат опасност за граѓаните. Во тек се и хуманитарни акции за луѓето кои останаа без домови.

Share
Scroll to Top