Возач на автобус бил нападнат на релација Дортмунд-Белград кај Линц во Австрија.
Според извештаите од српските медиуми, нападот го извршил Хрват (25) кој со нож го нападнал возачот (40) од српска националност и неколку пати го прободел.
Според информациите, сè се случило на паркинг. Патниците успеале да го запрат напаѓачот, а мажот бил пренесен во болница.
Австриската полиција и обвинителството ги утврдуваат причините за нападот.
Како што потврдил директорот на превозникот „Ласта“, Владан Секулиќ, драмата се одвивала во близина на Линц во Австрија.
„Патникот кој го нападнал возачот влегол на станицата во Линц. На нападот не му претходела расправија. Во еден момент тој станал од своето место и почнал чудно да се однесува. Извадил мало сечило и го ранил нашиот колега. Тој бил совладан од совозачот и другите патници, а нападнатиот возач се здобил со полесни повреди. Напаѓачот бил приведен од австриската полиција, а сите патници дале изјава“, објаснил Секулиќ.
Според неговите зборови, повредениот колега е добро, сите патници пристигнале во Белград, а кога ќе го добие извештајот на австриската полиција, превозникот официјално ќе објави за овој инцидент.
@patriotiizamСпречен терористички напад у Ластином аутобусу на релацији Дортмунд Београд. Возач је избоден али жив #srbija #serbia #dortmund #beograd♬ original sound – ??