(Видео) Спасено 3-годишно девојче во Турција по 65 часа поминати под урнатините

пред 3 години

Спасувачките екипи успеаја да извлечат тригодишно девојче од урнатините на зграда во Измир во западна Турција, соопштија турските власти.

Три дена по разорниот земјотрес што ги погоди западните делови на Турција по должината на Егејското Море, бројот на жртвите достигна 81, а спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините на осум згради во Измир.

Снимките објавени од страна на турските медиуми покажуваат како спасувачите ја извлекле 3-годишната Елиф и ја префрлиле во Брзата помош.

Share
Scroll to Top