(Видео) Србија ќе ги купува турските дронови што ги користи Азербејџан

пред 4 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес-конференција во „Палата Србија” ги пофали турските беспилотни летала „бајрактар“ и најави нино можно купување за зајакнување на одбрамбените капацитети на земјата, пренесува „Нови Стадард“. На прашањето дали се точни наводите на медиумите дека Србија ќе купи беспилотни летала од Турција, Вучиќ одговори дека за Србија се многу интересни системите на беспилотните летала. „Дали ќе постигнеме договор со турската страна тоа ќе видиме, но станува збор за многу добри летала”, рече Вучиќ. Претседателот на Србија изјави дека Србија секогаш сака да ја зајакнува својата безбедност. „Ние никому не му се закануваме ниту некого ќе напаѓаме, но мораме секогаш да бидеме спремни да не бидеме изненадени, како што некои неодамна, сепак, беа изненадени. И во согласност со тоа ги преземаме сите чекори и мерки и не ни е лесно, бидејќи мораме да издвојуваме значајни финансиски средства за да одиме во чекор со земјите кои се воено определени”, истакна Вучиќ. Дроновите „бајрактар“ се производ на турската корпорација „Кале-Бајкар“, а во вооружувањето се воведени во 2014 година. Овој дрон се продава во две верзии – како борбено и како изводувачко летало, со вооружување или без него. Дроновите „бајрактар“, според известувањата на агенциите, ги користи војската на Азербејџан во судирите во Нагорно-Крарабах. Силите на оваа непризната држава, во соработка со ерменската армија, во претходните денови соборија најмалку еден ваков дрон со помош на ракетите од воите ПВО-системи. Во меѓувреме, Канада ја запре продажбата на сензори за беспилотни летала на Турција поради стравувањата дека тие можат да се користат за да му се помогне на Баку во борбата против Ерменците во спорниот регион Нагорно-Карабах.

Share
Scroll to Top