(Видео) Талибанците како деца – се возеа со колички и на рингишпил

пред 3 години

На интернет се објавени снимки од Талибанците како се однесуваат како деца, додека со пушки се шетаат во забавен парк.

Откако го окупираа скоро целиот Авганистан, убиваа и мачеа, ја зазедоа и Владата и му бранат се на населението, талибанците одлучија да се забавуваат.

Новинар на „Ројтерс“ во Кабул на Твитер објави две видеа на кои наводно се прикажани талибанци како се забавуваат во забавен парк.

Во еден момент, неколку од нив се судираат со автомобили, додека покрај нив се гледаат пушки. Друг кадар ги прикажува на рингишпил со коњи.

Објавено е и видео од талибанците од претседателската палата, каде што исто така ја користеле салата како игралиште.

Share
Scroll to Top