(Видео) Терористички напад во Турција, има загинати и повредени

(Видео) Терористички напад во Турција, има загинати и повредени

пред 2 години

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја денеска соопшти дека е извршен терористички напад на подрачјето на турската воздухопловна индустрија (ТУСАС), во кој има загинати и ранети, јавува агенцијата „Анадолија“.

Јерликаја во објава на социјалните мрежи рече дека терористичкиот напад бил извршен во кругот на компанијата ТУСАС во областа Кахраманказан во Анкара.

„За жал, има загинати и ранети во нападот. На загинатите им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, изјави Јерликаја.

На социјалните мрежи објавено е видео од надзорната камера на кое се гледаат двајца напаѓачи. Имаат автоматски пушки во рацете и ранци на грбот.

Работниците беа забарикадирани во зградата.

Текстот (Видео) Терористички напад во Турција, има загинати и повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top