Двајца арапски напаѓачи синоќа убија двајца полицајци на улица во Израел и беа застрелани, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и тројца арапски министри за надворешни работи ја посетија земјата на самитот, јавува Ројтерс.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во соопштение објавено на нејзиниот профил на Телеграм.
פיגוע ירי כזה (!) בלב חדרה.
“הגדה המערבית” זה כאן…
כשהממשלה, שמחוייבת לתנועה האיסלאמית, לא מיצתה בכלל את הדין עם פורעי רמדאן תשפ”א, והכנותיה לרמדאן תשפ”ב כוללות בעיקר ליקוקים לאבו מאזן ולערביי ישראל
– לצערי זה יותר מצפוי. pic.twitter.com/krGt7R7xhz— אורית סטרוק (@oritstrock) March 27, 2022
Двајцата напаѓачи во Хадера, град на околу 50 километри северно од Тел Авив, биле арапски државјани на Израел и симпатизери на групата, соопштија израелските безбедносни претставници.
We condemn today’s terrorist attack in Hadera, Israel. Such senseless acts of violence and murder have no place in society. We stand with our Israeli partners and send our condolences to the families of the victims.
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) March 27, 2022
„Го осудуваме денешниот терористички напад во Хадера, Израел. Во општеството нема место за вакви бесмислени акти на насилство и убиства. Стоиме покрај нашите израелски партнери и им изразуваме сочувство на семејствата на жртвите“, напиша на Твитер американскиот државен секретар Ентони Блинкен.