(Видео) Торнадо во Германија, повредени 40 лица

пред 2 години

Најмалку 40 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места на северот на Германија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Најмногу повредени има во градот Падерборн, кој се наоѓа меѓу Франкфурт и Хамбург. Поради последиците од невремето во тој регион бил прекинат железничкиот и патниот сообраќај.

Во Липштад торнадото предизвикало голема материјална штета корнејќи дрвја, а ветрот го разнел покривот од локалната црква, пренесува „Билд“.

„Во невремето се повредени околу 40 лица, од кои најмалку 10 се тешко повредени“, се вели во соопштението на градската полиција.

„Покривите на некои објекти се откорнати и разнесени на километри подалеку или оштетени. Врз уништените автомобили и натаму лежат многу откорнати дрвја“, соопшти полицијата.

Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.

Share
Scroll to Top