(Видео) Торнадо носеше покриви од куќи, уриваше ѕидови: илјадници луѓе без струја, откажани летови по разорното невреме во Англија

(Видео) Торнадо носеше покриви од куќи, уриваше ѕидови: илјадници луѓе без струја, откажани летови по разорното невреме во Англија

пред 6 месеци

Околу 100 домови беа оштетени откако торнадо помина низ делови од Англија, додека бурата Герит ја погоди Велика Британија.

Невремето предизвика поплави и го попречи патувањето во други области на ОК, а најтешко е погодена Шкотска, каде илјадници домови останаа без струја.

По торнадото, полицијата прогласи голем инцидент во средата „поради сериозноста на предизвиканата штета и потенцијалниот ризик за јавната безбедност“.

Торнадото откорна покриви од куќи, собори дрвја и предизвика уривање на ѕидови, јавува Би-би-си.

Засега нема извештаи за повредени, но многу луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, додава Гардијан. Невремето со себе донесе обилни снежни врнежи во делови на Шкотска кои, заедно со силните ветрови и дождови, предизвикаа оштетувања на електричните мрежи бидејќи паднатите дрвја, гранки и остатоци ги урнаа далноводите.

Голем број железнички оператори во Шкотска привремено ги прекинаа или откажаа своите услуги поради невремето. Лондонскиот аеродром Хитроу во средата откажа 18 летови поради ограничувањата на контролата на летање.

Над 31.500 имоти во Шкотска е вратена струја, додека 14.000 домови сè уште се без струја.

Текстот (Видео) Торнадо носеше покриви од куќи, уриваше ѕидови: илјадници луѓе без струја, откажани летови по разорното невреме во Англија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top